Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Сали – Михајлова: Унапредување на соработката во спроведување европски програми

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлова, на која било разговарано за можностите за унапредување на соработката во спроведувањето на европските програми, со посебен акцент на програмата „Еразмус+“. 

Информацијата за средбата Сали ја објави на својата фејсбук-страница посочувајќи дека во фокусот биле и можностите за продлабочување на соработката на Агенцијата со фондации од областа на образованието, културата, здравството и спортот, како и создавање поголеми можности за лицата со попреченост.

– Разговаравме и за зајакнување на соработката на Агенцијата со фондации од областа на образованието, културата, здравството и спортот, како и за создавање поголеми можности за лицата со посебни потреби. Ја нагласивме важноста од тесна институционална соработка меѓу Министерството за европски прашања и Националната агенција во реализацијата на европските програми и ефикасното искористување на ИПА-фондовите, со цел да се создадат повеќе можности за граѓаните и да се забрза процесот на европската интеграција – се додава во објавата.