Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Прилози

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Соларни централи, ветерни паркови, гасни интерконетори, ова е стратегијата за зголемена енергетска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соларни централи, ветерни паркови, гасни интерконетори, ова е стратегијата за зголемена енергетска независност на Македонија. Место увозник, Македонија треба да обезбеди струја за домашните потреби, но и да стане извозник на електрична енергија, пред се од обновливи извори. Менување на законската регулатива, како и подготовка за директно испорачување на македонската струја на европскиот пазар се модалитетите со кои земјава ќе заработува во иднина од овој ресурс.

Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори, кои ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето-извозник на електрична енергија, изјави Сања Божиновска, Министерка за енергетика.

АД ЕСМ годинава бележи значајни резултати во производствот на електрична енергија. Според резултатите македонското производство во најголем дел ги задоволува домашните потреби за струја, со што ја намалува зависноста од увоз. Тоа гарантира сигурно снабдување и перспективно пониска цена за граѓаните.

Реклама

„Производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, а производството од ветерните електрани бележи раст од речиси 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува приближно 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка“, велат од АД ЕСМ.

Од енрергетика посочуваат дека интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 мегавати. Започнуваат активностите и за изградба на фотонапонските електрани БИТОЛА 1 И ОСЛОМЕЈ 2, а во напредна фаза подготвките за БИТОЛА 2 и БИТОЛА 3. Паралелно, Македонија се подготвува и за крстоница на енергијата. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, а во тек се подготовки за реализација и на гасниот интерконектор со Србија.