Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Одржан отворен ден во Општина Карпош

Општина Карпош денеска организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност непосредно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош денеска организираше „Отворен ден“, на кој граѓаните имаа можност непосредно да се сретнат и да разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори. Настанот беше организиран со цел да овозможи директна комуникација со жителите од Карпош, да се слушнат нивните предлози, проблеми и барања, како и да се разговара за прашања од секојдневното функционирање во локалната заедница. Во текот на „Отворениот ден“, повеќе од 100 граѓаните поставуваа прашања поврзани со комуналната инфраструктура, урбанизмот, инспекцијата, јавната хигиена, урбаната опрема, зеленилото и други прашања од локално значење.

Како што соопшти Општина Карпош, градоначалникот Лукровски истакнал дека непосредната комуникација со граѓаните претставува еден од најважните принципи во работењето на општината.

– Отворениот ден е можност секој граѓанин директно да ги сподели своите идеи, предлози и проблеми. Ние сме тука да ги слушнеме, разговараме и заеднички да најдеме соодветно решение. Комуникацијата и соработката со граѓаните за нас претставува врвен приоритет и е клучна во донесувањето на локалните политики и одлуки – истакна Лукровски.

Реклама

Денешниот настан го обележа силен одзив од страна на карпошани, а воедно и исклучителна ангажираност и посветеност на општинските служби. Општина Карпош ќе продолжи со организирање вакви средби и во наредниот период, со цел да ја зајакне и унапреди комуникацијата со граѓаните и да обезбеди активно учество на јавноста во процесот на креирање на локални политики и развој на општината.