Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, пријавениот полициски службеник 22.05.2026 во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија – посочуваат од МВР.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк: