Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Од 1 август инхалаторот „Фостер“ повторно ќе се издава без доплата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 август инхалаторот „Фостер“ повторно ќе се издава без доплата, а пациентите ќе плаќаат само партиципација од 280 денари. Ова следува откако цената на лекот нагло порасна од околу 300 на 1.080 денари, што предизвика бурни реакции кај пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест.Новата цена ќе важи откако аптеките ќе ги потрошат залихите набавени по старата, повисока цена.За граѓаните кои во меѓувреме го купиле лекот по цената од 1.080 денари нема да има рефундација.Во аптеките веќе е достапен и „Блоцета“, лек што може да се подигне без доплата. Но, пациентите не можат да го земат со извештај издаден за „Фостер“, туку им е потребен нов извештај од специјалист.

„Обезбедивме лек без доплата за корисниците на „Блоцета“. Истовремено направивме притисок производителот на „Фостер“ да размисли како ќе продолжи понатаму. Во тринеделна комуникација со нив, производителот на „Фостер“ вчера достави известување дека прифаќа лекот да биде во продажба по нова цена од 1.915 денари. Тоа значи дека „Фостер“ повторно ќе биде достапен без доплата, односно пациентите ќе плаќаат само партиципација од 280 денари, бидејќи референтната цена на овој лек е пониска“, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Клековски вели дека намалувањето на цените очекувано наишло на отпор, бидејќи со пониските цени се намалуваат и заработките на фармацевтските компании, но и маржите на аптеките.

Реклама

Во ФЗОМ веќе пристигнале поплаки од граѓани дека некои аптеки, па дури и матични лекари, одбиваат да им го издадат или препишат лекот преку Фондот.

„Ние активно работиме како Фонд, во соработка со матичните лекари и со аптеките, да ги надминеме недоразбирањата. При последното проширување на позитивната листа воведовме три скапи лекови кои се во посебна категорија на контрола. Претпоставувам дека спротивставувањата и отпорот беа малку поголеми од вообичаеното. Сепак, активно работиме со сите засегнати страни да ги надминеме овие проблеми и мислам дека почетните потешкотии ќе се стабилизираат. За да го потврдиме тоа, од вчера почнавме со контроли во аптеките за да утврдиме дали на пациентите им се овозможува да ги добиваат новите лекови на рецепт“, додаде тој.

Покрај промените поврзани со „Фостер“, од 1 јули на позитивната листа се најдоа уште три нови лекови за разредување на крвта – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“.

Тоа значи дека пациентите на кои им е потребна оваа терапија веќе можат да ги подигнат лековите преку Фондот, а тие се достапни во аптеките.

Ања Лукарова