Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Три тропски болести за две недели-потврдени случаи на Денга вирус, Маларија и Западно нилска треска

Три тропски  вируси за само неполни две недели во Македонија. Денга вирус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три тропски  вируси за само неполни две недели во Македонија. Денга вирус, Западно нилска треска и Маларија беа потврдени кај неколкумина пациенти на Инфективнта клиника. Иако дел од случаите се увезени , здравствените власти предупредуваат дека треба да бидеме внимателни особено за западно нилската треска која ја пренесуваат и некои од комарците кои се присутни на нашето поднебје. Двајцата пациенти кај кои е утврден овој вирус се во добра здравствена состојба.

-Се работи за две различни заболувања кои се пренесуваат од различни комарци. Додека за првото заболување маларијата може да кажеме дека е увезено 1.10  за западно нилската треска може да кажеме дека е сезонско вирусно заболување кое се јавува во летниот период и кое може да е увезено но во последниот период  може да биде и автохтоно– истакна директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана.

И пациентот кај кој беше утвредна маларија во последните 24 часа, а кој патувал во Занзибар е во добра здравствена состојба.

Реклама

Но Др.Цана посочува дека пред два месеци имале многу тежок случај на маларија кај млад човек кој многу доцна побарал помош, па морале да го интубираат, но за среќа се завршило добро.  Апелираат сите кои патуваат во тропските и субтропските краеви  доколку пројават симптоми веднаш да се јават на лекар.

-Ако имаат висока температура , треска, главоболка, малаксалост веднаш да се јават на матичен лекар за да може да се диференцира дали станува збор  за некои од овие заболувања или се работи за некоја банална сезонска инфекција–истакна директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана.

Итната реакција е важна за да се спречат невролошки компликации,   кои ако не се третираат навреме може да имаат и смртен  исход. Препораките за спас од комарците особено во вечерните часови,  е да се носи облека со долги ракави и да се користат заштитни средства против комарци. Особено да се внимава на оние места каде што се забележуваат поголем број на комарци каде има застоени води.