Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно го расчистил случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, било физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.

– Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик – се посочува во соопштението од МВР.