Реклама

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Прилози

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Засега нема ништо од заедничкиот предлог за измени во Изборниот законик, поддржани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засега нема ништо од заедничкиот предлог за измени во Изборниот законик, поддржани од опозициските партии. Од владејачката коалиција истакнаа дека ќе прифатат се што ќе биде предлжено од опозицијата во Собрание, но тие прво ќе треба да се договорат меѓусебно и со пречистен текст да излезат пред пратениците од мнозинството.

Од власта се волјни да се зголеми финансирањето на партиите, како и подготвени се да прифатат една изборна единица, но само доколку на дијаспората и биде овозможено гласање во поголем обем.

Не може еден ден да се договараат, а следниот ден да го блокираат истиот закон кој веќе бил договорен. Не може во јавноста да пласираат различни тези, а зад затворени врати да преговараат за сосема други прашања. Затоа ги повикуваме најпрво да се договорат меѓу себе. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на којшто тие би биле прифатливи и конечно, да седнат и да се договорат дури и за моделот за изјаснување на дијаспората“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) обвинија дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им се приоритет изборните реформи, ниту подобрувањето на Изборниот законик, туку создавање услови за изборни манипулации со гласовите од дијаспората.

Од партијата порачуваат дека остануваат на својот став и дека нема да поддржат решенија кои би овозможиле злоупотреби на изборниот процес, нагласувајќи дека ќе се залагаат за заштита на гласот на секој граѓанин.

Измените во Изборниот заоник се дел од реформскиот пакет, чие исполнување е услов за пристап до финансирањето на ЕУ.