Реклама

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјата во сите 51 реформски чекор, а во грејс-периодот работат заедно со Владата и од 10, ќе бидат исполнети девет и пол. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и оти се надева дека партиите ќе постигнат консензус. 

– Ние сме фокусирани на 10-те чекори што беа во грејс-периодот и кои истекуваа на 30 јуни. И на овие 10 чекори мора да кажам дека навистина внимателно работевме, непосредно со Владата, со цел да ги исполниме. Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати. Како што знаете, тие ќе бидат доставени во следните 10 дена до Европската комисија на една последна процена и крајната одлука се носи некаде во септември, но ова е навистина добар успех. Меѓутоа, во исто време ја имавме и оваа редовна вежба, која заврши на 30 јуни оваа година, и тука почнува тој грејс-период од една година. И со тоа имаме добар напредок, но она што е важно е дека во сите 51 чекор има напредок. Јас сум навистина сигурен дека гледам забрзување во реформите, меѓутоа во секој случај треба да ги почекаме последните резултати и процената на Европската комисија по летниот распуст – рече Рокас, кој денеска беше на промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“.

За тоа дали 10-те реформски чекори ќе бидат исполнети, Рокас вели дека тоа ќе биде процена и оти работат заедно со Владата „со цел да постигнеме девет, девет и пол“. – Во секој случај убеден сум дека ќе имаме добри резултати, но мора да разберете дека процената, всушност, се прави од Европската комисија – рече евроамбасадорот. 

Реклама

За Изборниот законик рече дека има дискусии со политичките партии, кои се одвиваат во моментот, но оти е потребно да се постигне консензус.

– Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија дадоа позитивна процена и оценка, но она што преостана во моментот се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога станува збор за овие моделитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. И Комисијата во парламентот за Изборниот законик веќе работи и се надевам дека партиите на толку важна работа ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус кога станува збор за ова сензитивно прашање. Меѓутоа, основите на законот и законот сам по себе се навистина добри – рече евроамбасадорот Рокас.