Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прилози

Француско – гемрански план: Наместо се или ништо, ЕУ ги отвора фондовите по реформи

Членство во ЕУ без полноправно членство. Идејата на Франција и Германија, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членство во ЕУ без полноправно членство. Идејата на Франција и Германија, со која земјите кандидатки повеќе нема да мора да чекаат полноправно членство за да почувствуваат дел од европските придобивки, ќе се разгледува до крајот на годината. Пари, инвестиции и пристапот до единствениот пазар ќе се отвораат постепено, зависно од реформите. Македонските компании сметаат дека ова отвара поголеми можности, а нашата држава поради напредокот во реформската агенда ќе има најголема корист.

„Тоа од економскиот аспект е одлично бидејќи ќе имаме пристап до финансии. И она што е добро е принцип случај до случај. Ние си имаме реформска агенда во државата која си ја спроведуваме  си имаме план за раст за Балкан во кој и ние сме вклучени како држава и во тој контекст едноставно е, мерливо е. Ако ги постигнеме одредените реформски чекори, ние ќе си ги добиеме тие средства“, изјави Драган Пехчевски, претседател на УО на Сојзуот на стопанските комори

Според Пехчевски, Сојузот на стопански комори веќе подолг временски период се подготвува за членството на Македонија во ЕУ, па активностите до сега преземени, ќе вродат со плод на почетокот на следната година.

Реклама

„Пред се прво нашите компании оние кои се спремни, кои се трансформират и дигитално и продуктивно  и ефикасно. Тие ќе бидат први усогласни и че ги земат бенифитите кои ќе ги отвори европскиот пазар за нашите компании и нашиот извоз. Втора работа, ќе има поналку бариери, побрзи транспорти на добра и во тој контекст е и оној делот на ИФТ кој Еу го има донесено како заклучок и сит ечкленки на ЕУ мора да го спроведат до јуни 2027 година“, додаде Пехчевски.

Идејата за ваков тип на поддршка на кандидатите за полноправно членство во ЕУ се разгледуваат поради геополитичкатата неопходност да се забрза процесот на проширување, поттикнат од конфликтот помеѓу Русија и Украина. Европската комисија го напушта досегашниот модел „сè или ништо“ и воведува рамка на „постепена интеграција“. Овој концепт, се очекува да биде разгледан на Европскиот совет кон крајот на 2026 година и усвоен од земјите членки на Унијата до нова година.