Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Збирката поезија „Во куќата“ од Николина Андова Шопова добитник на „Браќа Миладиновци“ за 2026

Збирката „Во куќата“ од Николина Андова Шопова е добитник на наградата „Браќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Збирката „Во куќата“ од Николина Андова Шопова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија.

Според образложението на жири-комисијата, станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Вонредно талентиран поетски испис на сериозен и зрел автор. 

– Првиот циклус во колибата ја испишува потрагата по него (цврстото засолниште), тоа само се наѕира и насетува, истовремено испишувајќи ја фрагментираностa на поетскиот субјект во реалноста на секојдневието, при што немирот, нецеловитоста, разнебитеноста и невсредиштеноста без вистинско втемелување и тежиште наоѓа вонредно суптилни изрази во многу од песните на првиот циклус, во кои провева, наместа, и грдото лице на актуелните состојби во светот. Вториот циклус „Во куќата“ го испишува откривањето на сопственото средиште во поврзувањето со линијата на претците. Кон него, притоа, кон сеќавањето, приспомнувањето, води и последната песна од првиот циклус, истакна претседателката на жири-комисијата Наташа Аврамовска.

Реклама

Според неа, секоја од песните на вториот циклус, во ликовите на бабата и дедото, опејани како ликови од некои други спокојнии, митски времиња, особен впечаток остава поетскиот лик на бабата, онаа која комуницира со ветровите, еднакво како и со сопствениот предок во куќата на сопственото тело. 

– Небаре нејзиното тело, та дури и во болеста и умирачката да е стожерот на сета градба на куќата. Нема ниту трошка патетика во поетското опејување на цврстата градба на куќата на сеќавањето и паметењето, ниту има случајни и брзопотезни исписи на песните. Секоја од нив, како впрочем и целата градба на книгата е проѕирна, но истовремено во неа  се прекршува заемната огледалност на значењата налик на прекршувањето на светлината кај совршено избрусениот кристал, додаде Аврамовска. 

Изразувајќи благодарност за укажаната чест и доверба, Андова Шопова, се заблагодари на сите оние поети кои пред неа ја носеле поезијата како тивок товар и како радост. 

– Некои од нив се добитници на оваа награда и беа и останаа мои први и трајни поетски училишта. Но, тука сакам да ги спомнам и оние поети кои, ете, во текот на животот не добиле место во големите литературни признанија, но добиле место во нашите внатрешни простори, со по еден стих барем, кој променил нешто во нас, во нашата насока на мисла и на дејствување.​ Дел од овие песни настанаа во периоди на осаменост и на тишина. И сакам да верувам дека преку овие стихови заеднички ќе ја споделиме таа тишина, рече Андова Шопова.

На конкурсот на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, пристигнаа вкупно 37 ракописи од 35 современи македонски автори. Во потесен круг за наградата беа книгите „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ публикации, 2026, „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот 2026)., „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс ламина, 2026),  „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026) и „Болна земја“ од Братислав Ташковски: (Скопје: Матица македонска, 2026).