Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба.

Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања на засегнатите страни, по однос на нивниот статус и примања.

Двата закона, како што посочија пратениците од опозицијата, нема да обезбедат независност, непристрасност и напредок во судската и јавнообвинтелската служба. 

Реклама

– Станува збор за закон кој е далеку од реформски, далеку од она што е предвидено до Реформската агенда. Имаме закон којшто само декларативно ги следи целите од реформската агенда. Наместо зајакнување на самостојноста на јавнообвинителската служба, во повеќе одредби се задржуваат механизмите преку кои извршната власт има влијание, рече Јована Тренчевска од СДСМ од собраниската говорница.

Реагираше пратеникот Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека ќе бидеме држава која ги направила најбрзо и најефикасно реформите и која добива најмногу средства од Европската унија. 

– Вие како опозиција имате две решенија. Првото решение е да излезете и да кажете дека сите овие законски решенија кои сега се носат сте можеле да ги направите и вие, но не сте ги направиле. Бевме на опашката од земјите во Западен Балкан, денес сме први и предводиме. Второ, во однос на законските решенија, на најдемократски начин беа повикани сите оние кои се поврзани со овие две законски решенија. Имаа две крупни забелешки – првата дека не сакаат да им биде скратен ниту еден денар од платата и не сакаа да го изгубат статусот на судски односно јавно обвинителски службеници. Се случи да работиме до доцна и двете забелешки да ги усвоиме, рече Пренџов. 

Во рамки на 108. седница беа донесени и Законот за високи раководители, Законот за користење на енергија од обновливи извори и Законот за оружје. 

За Предлог-закнот за парнична постапка гласањето ќе биде дополнително закажано. 

Собранието во моментот е на пауза која ќе трае до 14 часот.