Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

ЦУК: Активни три пожари на отвори – гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец и кај „13 Ноември“ во Општина Центар

На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во: с. Босилово, Општина Босилово (депонија); с. Банско, Општина Струмица (депонија); с. Зубовце, Општина Куманово (ниска вегетација); ул. „Средорек“, Општина Куманово (сува трева); с. Пчиња, Општина Куманово (ниска вегетација и насади со жито); м.в. Ливада, Општина Струга (ѓубриште). Изгаснати се и пожарите од кои била опфатена ниска вегетација на  ул. „Пане Џунов“, Општина Кавадарци, кај Новите градски гробишта, Општина Прилеп, во селата  Долно Коњари, Општина Петровец, во Радуша, Општина Сарај, во Студеничани, Општина Студеничани, Грушино, Општина Арачиново, Горно Свиларе, Општина Сарај и во селото Пршовце, Општина Теарце.