Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Министерството за транспорт ја заврши една од главните артерии во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот. Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.

Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Реклама

Со реализацијата на овие проекти испраќаме јасна и силна порака дека Владата е заедно со граѓаните на Кочани и активно работи на решавање на нивните потреби.

Овие инвестиции претставуваат конкретни чекори кон создавање подобар и поурбан и град за живеење, како и нови можности за граѓаните и за деловната заедница.

Со овие активности покажуваме дека Владата континуирано работи на создавање услови за локален економски развој, привлекување нови инвестиции и обезбедување подобра иднина за граѓаните на Кочани.