Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот, пишува во денешното соопштение. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот, пишува во денешното соопштение.

За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во национално движење за заштита на животната средина.

Само годинава, од 8 до 10 мај, во рамки на шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД беа реализирани повеќе од 600 акции за чистење отпад и 1.900 едукативни активности „Еко час“ во 81 општина низ државата.

Реклама

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е организирана од Мен енд Маунтен заедно со официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Саубермахер, Пивара Скопје, ЕВН, Шпаркасе банка, ИУТЕ, Макстил, КАЗ Груп, Црвен крст, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука, општините, невладините сектори и државните институциите.

По завршувањето на еко акцијата, отпадот беше собран и подигнат од локалните комунални претпријатија и професионално депониран. Селектираниот отпад како пластика, лименки и хартија го подигнаа Пакомак, а електронскиот отпад го превземаа Нула Отпад.

Една од најважните придобивки на иницијативата е што ја надмина поделбата на „надлежни“ и „граѓани“. Заедничкото делување на граѓанската посветеност и институционалната поддршка, овозможи значителна промена кон подобро во нашето општество. Токму таа искра со текот на времето прерасна во иницијатива која денес ја препознаваме како „Генералка викенд“, која потсетува дека чистата животна средина е заедничка одговорност. Институциите имаат обврска да го собираат и управуваат отпадот, но секој од нас треба правилно да го депонира својот отпад и да ги почитува јавните простори што им припаѓаат на сите граѓани.

Најголемата вредност на оваа иницијатива, не се само бројките на собраниот отпад, туку и подигнување на свеста. Гордана Софија и Ханес Јекл, идејните творци на Генералка викенд велат дека со оваа еко акција граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Денеска се горди што таа идеја прерасна во национално движење, кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава.

„Од самиот почеток ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е иницијатива за создавање долгорочна промена во однос на животната средина. Институциите и приватните компании имаат важна и незаменлива улога во управувањето со отпадот, но чистата животна средина зависи и од дневните навиките на граѓаните. Токму затоа, наша цел е да поттикнеме култура на лична одговорност и грижа за просторот што го делиме. Во општество во кое често сме поделени по различни прашања, Генералка викенд покажа дека постојат вредности околу кои можеме да се обединиме. Успеавме да ја претвориме загриженоста за загадувањето во конкретна акција и покажавме дека граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Нашата цел е јавниот простор, кој ни припаѓа на сите нас да почнеме да го доживуваме како продолжение на сопствениот дом. Само така можеме да изградиме трајна промена и почиста иднина за сите граѓани. Горди сме што таа идеја прерасна во национално движење кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл, од Мен енд Маунтен.

Но вистинското лице на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД не се бројките. Тоа се илјадници граѓани кои одлучуваат да излезат на терен за да се вклучат. Децата кои за првпат учат што значи лична одговорност кон нивната околина. Родителите кои ги носат своите семејства на еко акции. Учениците кои ги мотивираат своите другари. Волонтерите кои покажуваат дека промените започнуваат од секој поединец.

Во соработка со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, Министерството за образование и наука, заедно со УНИЦЕФ, имплементираа образовна програма наречена „ЕКО ЧАС“. Десетици илјади ученици во целата земја научија да го комбинираат знаењето за екологијата и циркуларната економија со практични активности.

Во време кога јавноста често е обесхрабрена дека промената изгледа невозможна, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД испраќа поинаква порака – дека заедничкото делување има смисла и дека секој може да биде дел од решението.