Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ

Децата во Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. – Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децата во Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение.

– Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши – 73 проценти, речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови – 87 проценти и речиси сите деца – 99,9 проценти, се изложени на штетно загадување на воздухот – се истакнува во соопштението.

Според Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, децата во Македонија растат во клима што се менува, каде што екстремната топлина, сушите и загадениот воздух, за жал, се дел од секојдневниот живот.

Реклама

– Земјата има воведено важни мерки за заштита на децата, но, климатските притисоци растат и нивното штетно влијание врз детското здравје, образование и благосостојба треба итно да се намали – се нагласува во пишаната изјава.

Во извештајот се истакнува дека поголемиот дел деца во Северна Македонија се изложени на повеќе климатски закани истовремено, со што се зголемува ризикот од повеќекратна штета по нивното здравје, учење и целокупен развој.

И покрај напорите за намалување на ранливоста на децата, како што се наведува, во системот и понатаму има недостатоци, особено во опфатот со социјална заштита, па така децата од најзагрозените семејства се во најголем ризик од климатски шокови.

УНИЦЕФ повикува на итна климатска акција во Македонија што ќе се фокусира на децата, бидејќи децата се несразмерно поранливи на климатски ризици и затоа мора да им се даде приоритет во политиките за справување со климатските промени.

– Потребни се континуирани активности за дополнително да се намалат штетните емисии и да се реши загадувањето на воздухот, да се зајакнат здравствените, образовните и системите за социјална заштита и нивната отпорност на климатски шокови, а децата и младите да се охрабрат и да се подготват за учество во решавањето на климатската криза и во процесите на донесување одлуки што ја обликуваат нивната иднина – се додава во соопштението.

Според Милер, заштитата на децата од климатските ризици е итна потреба, но и можност.

– Со инвестирање во квалитетни услуги денес, Македонија ќе ги заштити правата на децата и ќе изгради поодржлива иднина за сите – пишува во соопштението на УНИЦЕФ.