Реклама

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Македонија

На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање

На пленарна седница попладнево помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање. Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики. Пратеникот Беким Ќоку од „Вреди“ рече дека е ова значаен закон. Заснован на пописот, еднакво […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На пленарна седница попладнево помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање. Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики.

Пратеникот Беким Ќоку од „Вреди“ рече дека е ова значаен закон. Заснован на пописот, еднакво третирање на сите граѓани, согласно на нивните квалитети. 

– Законот гарантира еднакви можности и за помалите заедници, да ги имаат сите права на сите нивоа. Законот ги гарантира правата на граѓаните, рече тој меѓу другото. 

Реклама

Тој ги повика пратениците  да ги стават на страна калкулацииите и да го поддржат овој предлог закон. 

Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека суштината на овој закон, е разочарувачка.

– Секој граѓанин мора да биде вработен и унапреден според знаење, способност, професионалност и интегритет. Државната администрација не смее да биде партиски плен, ниту етнички пазар, затоа што институциите постојат за да им служат на граѓаните. Потребен ни е систем во кој компетентноста ќе биде услов, но еднаквата можност ќе биде гаранција, порача Битиќи. 

Тој подвлече дека овој закон мора суштински да се подобри заради Уставот, заради Охридскиот рамковен договор, заради довербата и заради Македонија како заедничка држава на сите нејзини граѓани.

Претходно, Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа јавна расправа за Предлог – законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање кој се носи во редовна постапка. Експерти и пратеници ги изнесоа своите видувања за законот, а дел од нив изнесоа низа предлози за негово подобрување, но исто така и следење на имплементацијата на законот.