Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Запуштен простор во Бутел се трансформира во модерен мега парк

Во тек се градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, за што денеска увид извршија градоначалниците на Општина Бутел и Град Скопје, Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски. Од Општината информираат дека станува збор за трансформација на запуштен простор во модерен и функционален зелен комплекс, со содржини наменети за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек се градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, за што денеска увид извршија градоначалниците на Општина Бутел и Град Скопје, Дарко Костовски и Орце Ѓорѓиевски.

Од Општината информираат дека станува збор за трансформација на запуштен простор во модерен и функционален зелен комплекс, со содржини наменети за сите возрасни категории.

-Запуштениот простор долж булеварот прераснува во современ мега парк со зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони- објави градоначалникот Костовски на својот Фејсбук профил и додаде дека инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот.

Реклама

Новиот парк ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри и ќе содржи богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и други содржини за рекреација и одмор.

Проектот е дел од програмата за изградба на четири мега паркови на територијата на градот Скопје. Паралелно со овие проекти, предвидена е и реализација на околу 50 помали паркови во сите скопски општини, од кои дел веќе се во фаза на изградба.

Градоначалниците Ѓорѓиевски и Костовски нагласија дека развојот на зелената инфраструктура останува еден од приоритетите во нивното работење, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

Проектот се реализира во соработка меѓу Општина Бутел и Град Скопје, со цел унапредување на урбаното живеење и зголемување на зелените зони во главниот град.