Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Средба Димовска – Кјокети: Потврдена поддршката на Европскиот парламент за македонската евроинтеграција

Во рамките на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел за демократски надзор, транспарентност, и отчетност, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со генералниот секретар на Европскипот парламент, Алесандро Кјокети. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Димовска изразила благодарност до Европскиот парламент за цврстата поддршка и јасниот принципиелен став во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на дводневна размена на искуства во Европскиот парламент во Брисел за демократски надзор, транспарентност, и отчетност, генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со генералниот секретар на Европскипот парламент, Алесандро Кјокети.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Димовска изразила благодарност до Европскиот парламент за цврстата поддршка и јасниот принципиелен став во корист на проширувањето на Европската Унија како стратешка инвестиција во мирот, стабилноста, демократијата и просперитетот во цела Европа. Нагласувајќи дека ревидираната методологија за проширување на ЕУ првпат ги вклучува и националните парламенти, ја потенцирала нивната клучна улога во процесите на демократизација.

Генералниот секретар Кјокети посочил дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан и додал дека секоја држава треба да се оценува според сопствените заслуги, а од име на службата на Европскиот парламент изразил поддршка за пристапувањето на државата и подготвеност да даде поддршка и помош во однос на сите неопходни реформи.

Реклама

Двајцата соговорници размениле мислења и за етичките кодекси во двата законодавни дома, постојниот во Европскиот парламент и оној што треба да се донесе во македонското Собрание.

Тие, како што е наведува во оопштението, се согласиле дека зајакнувањето на парламентарните капацитети станаа важен дел од сите фази на пристапниот процес, каде што целта е градење посилни, поодговорни и транспарентни демократски институции, со посебен фокус на зголемување на ефективноста, отчетноста и транспарентноста на парламентите.

Димовска на средбата посочила дека Европскиот парламент го сметаме за наш природен партнер и му упатила покана на Кјокети да го посети Собранието, која тој со задоволство ја прифатил.