Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

80 години од првиот АСНОМ – борбата за Македонија трае и ќе трае

Илинденската и асномската борба треала, трае и ќе трае. Каква Македонија ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинденската и асномската борба треала, трае и ќе трае. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе имаме. Ова беа пораките на академците историчарите и професорите на научниот собир, по повод јубилејот 80 години од првото заседание на АСНОМ.

Учесниците разменија мислења со кои дополнително расветлија одредени историските настани поврзани со Илинден 903 и АСНОМ 44 и нивното политичко и национално влијание за време на Социјалистичка и денешна Македонија.

Професорот Митко Панов, рече дека АСНОМ е  Декларарација за основните права на граѓанинот на демократска Македонија, борбата за еднаквост и рамноправност на сите граѓани, без оглед на народноста, полот расата и вероисповедта.

Реклама

„АСНОМ е минатото, сегашната, идната борба, за дигнитетот и правото на самоопределување на македонскиот народ“, рече директорот на Институтот за национална историја Митко Панов.

АСНОМ е вториот Илинден кој ќе остане најзначајната страница на поновата македонската историја. За директорката на архивот на Македонија Наташа Котлар АСНОМ е инспирација во натамошното пишување на националната историја.

„Оваа документарна ризница, сведочи дека АСНОМ, вториот Илинден останува значајна страница на македонската нова историја, воедно инспирација и должност за понатамошно пишување на македонската национална историја“, рече в.д. директорот на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар Трајкова.

Првиот човек на МАНУ Живко Попов рече дека периодот од 80 години, за историјата на човештвото се само еден миг, но за еден мал народ како македонскиот, претставува огромна придобивка по вековната борба и страдање за да ги оствари своите национални стремежи за државност.

„Современата македонска држава е создадена на темелите на антифашистичката борба на македонскиот и останатите јужнословенски народи, која прерасна и во негово народно ослободителна борба“, рече претседателот на МАНУ, Живко Попов.

Една од клучните одлуки на АСНОМ е афирмацијата на македонскиот јазик, порача Ректорот на универзитетот Свети Кирил и Методиј“. Професорката Билјана Ангелова, повика на негово негување, кое е од суштинско значење во креирањето на припадноста кон културното обединување на макеоднскиот народ.

„АСНОМ е официјализирање на македонскиот јазик, бидејќи тогаш македонскиот јазик беше прогласен за службен јазик, како еден од најзаслужните чекори за културниот и националниот идентитет на македонскиот јазик“, рече рекоторот на УКИМ, Билјана Ангелова.

Научниот собир ќе се одржува и во наредните два каде ќе се зборува на тема Антифашимот помеѓу меморијата и заборавот по повод 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Инстутот за национална историја. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметностите.

Љубиша Владимиров