Реклама
Прилози

8 од 10 точки од реформската агенда ќе бидат спроведени, останатите две, не – Мицкоски со детали за вчерашната седница

Осум од десет чекори кои се потребни за затворање на овогодинешниот циклус…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум од десет чекори кои се потребни за затворање на овогодинешниот циклус на рефромската агенда Владата ќе ги испорача до крајот јуни, кога е и последниот рок. Премиерот Мицкоски вели дека вчера во владата се одржал долг состанок со ресорните министри за да се види до каде е работата и е утврдедно дека напредок има. Уверува дека чекорите ќе бидат завршени.

Оние кои нема да се испорачаат , се за струјата и изборниот законик.

Првото зошто сериозно би удрило врз џебот на граѓаните, второто зошто СДСМ ја напушти работната група, а законот се носи со консензус.

Реклама

Знаете дека тој се носи со консензус , СДСМ ја напушти работата на групата што работи на изборниот законик и се додека е таа одлуката ние изборниот законик не можеме да го донесеме бидејќи тој е еден од оние закони кои се носат со консензус во собранието. Оној дел во кој се бара од државата да не обезбедува 100% електрична енергија за домакинствата и сите оние корисници на електрична енергија од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада, ако ние го прифатиме и продолжиме тогаш сметките за струја на домакинствата ќе бидат за 25,30% па и повеќе поскапи. И тука свесно нема да одиме во реализција на тој чекор бидејчи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Мицкоски испрати и порака до граѓаните со резерва да ги прифаќаат пораките кои доаѓаат од опозициската СДСМ бидејќи , партијата на Филипче како што рече  се користи со лаги и шпекулации за да си ги спасат своите фотељи на Бихаќа.

Би ги замолил граѓаните, сите пораки што доаѓаат од опозицијата да ги прифатат со резерва зашто целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да испрати решение, туку целта и е, со лаги и шпекулации да привлече внимание. Опозицијата не се бори на следните избори да победи, туку се бори ова раководство да остане во позиција.

Премиерот вели дека реформската агенда воопшто не е во застој , туку се бележи напредок и Македонија од последно место сега е рамо до рамо со т.н. фронт ранери во групата.