Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

8-ми Април – Меѓународен ден на Ромите

8-ми Април има силна симболика – тој е ден на сеќавање, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

8-ми Април има силна симболика – тој е ден на сеќавање, на историјата, на прогонетоста, на исклученоста, но и ден на достоинство, отпор и надеж, ден кога се слави ромската култура, но и гласно се зборува за неправдите со кои се соочувала оваа заедница.

„Во името на Владата и во мое лично име на сите граѓани од ромската етничка заедница им го честитам 8 април – Меѓународниот ден на Ромите“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека предизвик и цел како влада и како држава, во периодот што следи, е да се подигне социјалниот и економски статус на Ромите, а со тоа и подобрување на целосната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење.

„Голем дел од Ромите во Македонија живеат во ризик од сиромаштија, со проблеми во пристап до вода, домување, образование и здравствена заштита. Често пати Роми се мета на маргинализација, дискриминација, сегрегација… Доволно е да се прегледаат извештаите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кои укажуваат дека од училиштата до работното место – многу Роми се соочуваат со интерсекциска дискриминација, наидувајќи на различни социјални бариери и предрасуди“, посочи Мицкоски.

Реклама

„Лани на пример, по поднесени претставки, Комисијата утврдила дискриминација во 21 случај, и тоа во услуги на приватни угостителски објекти, образование, наука и спорт, сегрегација во образованието, домување и пристап до услуги, пристап до добра и услуги, здравствено осигурување и здравствена заштита, услуги од јавниот транспорт, работа и работни односи и јавно информирање и медиуми. Вработувањето, интеграцијата, еднаквите економски шанси, се целите на кои интензивно се работи. За вклучување на Ромите во пазарот на труд се предвидени активни мерки за вработување во соработка со Агенцијата за вработување, специјално насочени кон младите Роми и жените, како и обуки за занаетчискост и дигитални вештини, но и можности за самовработување преку грантови и менторство“, додаде премиерот.

„Во периодот од 2023 година заклучно со денес, повеќе од 1.000 Роми добиле работен ангажман или започнале сопствен бизнис. Владата поддржува реновирање на објекти, канализациска мрежа, пристап до вода и струја во Шуто Оризари, Битола, Кочани, Делчево и други општини. Се градат и нови социјални станови.“