Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

77 годишна жена загина, а нејзината сестра е повредена во пожар во охридското село Требеништа

Во пожар кој избувна изутрината во охридското село Требеништа, животот го загуби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пожар кој избувна изутрината во охридското село Требеништа, животот го загуби 77  годишна жена, а со изгореници се здобила нејзината сестра која е префрлена во охридската општа болница.Во моментот на пожарот во куќата имало три лица кои последниве неколку години живееле заедно.Еден од нив е Богоја –се’ се случи ненадејно,одеднаш, никој не би помислил дека за толку кратко време може да вивне во воздух целата куќа, вели тој.

  • “Со принската боца направивме да  се напиеме нешто колку да се затоплиме, арно ама боцата пљусна и сета куќа се запали.Случајно избегавме јас и Божана, Билјана остана внатре запалена .Бог да ја прости”-вели Богоја Тодороски

Соседите кои не сакаа да зборуваат пред камера, велат дека двете сестри и Богоја кој е поранешен сопруг на повредената, живееле повлечено и не биле комуникативни.Никој не знае што  се случувало и каков живот имале тројцата меѓу четирите ѕида.

Се уште тлее тука зад мене од трошната куќа која утринава изгоре до темел а во која животот го загуби 77 годишна жена,која била непокретна. Таа во пожарот се здобила со изгореници кои биле фатални.

Реклама

Пожарникарите повик за пожар примиле во 8 часот и 20 минути и веднаш се упатиле на лице место со 5 пожарникари,но објектот веќе пламтел и веднаш почнале да го гаснат.

  • „При тоа се извечени маж и жена од објектот,а подоцна е затекнато починато лице во самиот објект.Извлечените лица се со поблаги изгореници,од помал степен и некои повреди, а починатото лице од првичниот наш увид на лице место веќе беше во некоја  трета, четврта, фаза на изгореници”-вели Борко Јанкулоски,конадир наТППЕ Охрид

Причината за пожарот се уште не се знае и допрва ќе се утврдува информира командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски