Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

69 години од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

На 25 јуни 1956 година роден е Борис Трајковски, вториот по ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 25 јуни 1956 година роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година).

Трајковски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 1998 година бил заменик-министер за надворешни работи на Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски.

Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а бил и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години.

Реклама

Борис Трајковски трагично загина на 26 февруари 2004 година во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патувале вкупно девет членови на неговиот кабинет и сите трагично ги загубиле животите.

И покрај неколку домашни и меѓународни истраги причините за трагичната авионска несреќа се уште докрај не се расветлени.