Реклама

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Македонија

Институционален пинг-понг за скандалот со можна злоупотреба на податоците од матичните книги

Пинг понг меѓу институциите околу сомнежите за трговија со лични податоци, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пинг понг меѓу институциите околу сомнежите за трговија со лични податоци, но и за тоа  дали има  корупција при набавката на опремата за дигитализација на матичните книги. Министерот за внатрешни работи контра наводите на Антикорупциска. Тврди дека такво нешто не постои.

И не само за трговијата со податоците. Антикорупциска уште пред две години оформи предмет за наводна тендерска корупција при набавка на опрема за дигитализација на матичните книги.

При крајот на 2022 година Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против раководител во Управата за водење на матични книги, вработен во истата управа, како и против сопственикот и управителот на фирмата „Новатек Инв“ којаа го доби тендерот за дигитализација вреден половина милион евра.

Реклама

Од финансиска полиција денеска за Алфа велат дека ја завршиле предистражната постапка уште пед Нова Година, а за подетални информации не упатија до Обвинителството.

Што понатаму се случува со сомнежите на антикорупциска и финансиска полиција, обвинителството не дава одговор. Најпрво во телефонски разговор за Алфа одговорија дека наводната трговија со матичните книги е друг предмет, не се однесува на предметот за тендерскат документација.  Според портпаролката на ОЈО, таков предмет не постои бидејќи е донесена  резолуција во која навеле дека нема простор за обвинителско постапување. Откако Алфа се обиде да добие на писмено одговорот од ОЈО дека тие воопшто не постапуваа за спорниот тендер од половина лионион евра, одговорот беше дека тоа не е можно бидејќи обвинителката била на одмор.

Антикорупциската комисија вчера обзнани дека при дигитализација на податоци за умрени, родени и венчани постои простор тие да се злоупотребени и да е трговано со нив.

Паула Костадиноска