Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

5,5 милони евра ќе подели МОН за научно истражувачки проекти

Со 5,5 милиони евра ќе се финансираат научни и иновативни проекти од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 5,5 милиони евра ќе се финансираат научни и иновативни проекти од страна на МОН. Овие пари од држата ќе бидат наменети за развој на научноистражувачката инфраструктура во Македонија.Во првиот конкурс ќе бидат финансирани 40 научно-истражувачки проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и МАНУ. Секој прифатен проект ќе добие буџет најмногу до 8 милиони денари најдоцна до 31 октомври 2026 година.

„Од нив, 15 ќе бидат од подрачјето на природно-математички науки, инженерство и технологија, медицински и здравствени науки, земјоделски и ветеринарни науки. Понатаму, 15 проекти од подрачјето на општествени и хуманистички науки и 10 проекти во области од стратегијата за паметна специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција, односно паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија, и одржливи материјали и паметни згради“, информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Секој апликант може да конкурура со повеќе проекти од различни области, а четири е максималниот број на проекти што би можеле да бидат финансирани. Законски проектите не смеат да бидат идентични со некои веќе претходно реализирани.

Реклама

„Вториот конкурс е наменет за распределба на средства на осумте самостојни јавни научни установи, кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за државата. И тука ќе се финансираат научно-истражувачки проекти со времетраење до најмногу две години, за што ќе се доделува поединечен буџет до најмногу 3 милиони денари, односно по 1,5 милион денари во 2025 и во 2026 година“, додаде Јаневска.

Последно финансирање на научни и иновативни проекти било во 2021 година. А претходно повеќе од 10 години немало таков повик од страна на МОН. Дел од средствата за оваа година се во рамки на годинашниот буџет за наука кој е двојно поголем од ланскиот и изнесува 680 милиони денари, а еден дел од парите ќе се исплатат во текот на следната календарска година, кога и треба целосно да завршат проектите што ќе се прифатат.

Ања Лукарова