Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

4иГ потпиша писмо на намери со Јуротелесајтс за за користење на базните станици на компанијата во Македонија

Групацијата 4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-компанија во Централна и Источна Европа, објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Групацијата 4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-компанија во Централна и Источна Европа, објави вчера на нивната интерент страница дека потпишала необврзувачко писмо на намери (LoI) со EuroTeleSites AG.

Овој стратешки потег претставува значаен чекор во плановите на 4iG за воспоставување присуство на пазарот на телекомуникации во Македонија.

EuroTeleSites AG, независна компанија за телекомуникациска инфраструктура котирана на берзите во Виена и Будимпешта, управува со 573 мобилни базни станици во Македонија. Компанијата обезбедува инфраструктурни услуги за оператори како A1 и други во шест земји: Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија.

Реклама

Овој развој доаѓа по неколку клучни чекори што 4iG веќе ги презеде во Македонија. Во септември 2024 година, компанијата потпиша Меморандум за разбирање со Владата на Македонија за поддршка на дигиталната трансформација на земјата. Дополнително, во октомври 2024 година, 4iG основа локална подружница — ONE Macedonia Telecommunications -со што ја потврди својата долгорочна посветеност кон регионот. Пошироката стратегија на 4iG е создавање телекомуникациски оператор од нова генерација кој ќе внесе иновации и ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот.

Иако писмото на намери со EuroTeleSites претставува јасен показател за стратешките намери на 4iG да стане значаен играч на телекомуникацискиот пазар во Македонија, придонесувајќи за технолошкиот напредок и поврзаноста во земјата.