Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

404 вработени во Министерството за политички систем – како и каде ги смести Груби?

Министерството за политички систем и односи меѓу заедници очигледно веќе поодамна ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за политички систем и односи меѓу заедници очигледно веќе поодамна ги применува мерките за штедење на владата и за работа од дома. Зградата предвидена за 3 државни институции и околу 180 вработени сега има околу 5 инстиуции, плус деловен простор, а само енигматичното министерство на Артан Груби има 404 вработени. Засега е непознато како само една од петте инстуции има безмалку двојно повеќе вработени од предвидено за целиот објект.

Зградата изградена во рамки на проектот „Скопје 2014та“, Владата ја откупи за 10 милиони евра од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, по што објектот стана прифатилиште за партиските кадри на ДУИ. Во него иако требаше да се смести антикорупциската комисија, се вселија ново-формирани институции по иницијатива на ДУИ, како ансамблот на албански народни ора и песни, агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, инспекторатот за употреба на јазиците и агенцијата за остварување на правата на задениците.

Министерството за политички систем кое Груби го предводи, освен организирање рамковни прослави, рекорди по вработување и трошоци за плати, засега не се пофалиле со ниту еден друг проект или програма. Неодамна го прашавме директно што се сработиле во неговото министерство, освен рамковни фестивали. Ја издвои само таканаречената академија што се организираше повторно во деновите околу рамковната журка, но пак не спомена ниту еден друг проект за меѓуетнички односи- основната причина заради која постои неговата институција. 

Реклама

Инаку, токму инстутицијата под раководната палка на Груби која што треба да се грижи за етничката застепност и правата на заедниците, не ги почитува основните принципи за мултиетничко општество. Министерството го прекршува охридскиот рамковен договор и не го почитува  ниту стариот, ниту новиот балансер за вработување по етничка припадност.

Од вкупно 404 вработени само 37,62% се Македонци, а 52,74% се Албанци, додека пак 4,21% се Турци, 2,23% се Роми и 1,24% Бошњаци, додека пак другите етнички заедници не се застапени ниту со еден процент од вработените.

Инаку, за информации околу вработените во министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, Алфа ТВ чекаше безмалку еден месец и со барање за информации од јавен карактер мораше да се обрати до генералниот секретераријат при владата, бидејќи на официјалната веб старна освен информации за тоа каде бил, што рекол и со кого се сретнал Артан Груби, до неодамна немаше објавено ниту лице за контакт, ниту пак лице за пристап до информации од јавен карактер.

Никола Цветкоски