Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

400 милиони евра за сообраќајки: „Сејф сити“ во борба против прекршоците и заштита на граѓаните, а не за полнење на државната каса

400 милиони евра се одвоиле од државната каса за покривање на трошоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

400 милиони евра се одвоиле од државната каса за покривање на трошоци од сообраќајните несреќи во 2023-та година. Колку ќе се намали процентот на незгодите, толку ќе се заштеди од парите на граѓаните, одговара министерот Панче Тошковски на тврдењата дека со системот „Сејф сити“ власта ќе ја полни државната каса.    

Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно над 55 илјади, имаат по една изречена забрана. Но, од нив речиси 8 илјади добилe забрана по втор пат,  а 1.863 возачи добиле по  три правосилни пресуди за забрана за управување возило.

  • „Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

За Тошковски апсурдни се обвинувањата на опозицијата дека системот е насочен само кон етничките Албанци во Македонија. Зијадин Села обвинува дека во Чаир има многу повеќе камери, отколку во другите општини. За граѓаните пак токму таму треба да се засили имплементацијата на „Сејф сити“.

Реклама
  • „Не е точно дека нема камери на улицата која ја напоменавте (Пластичарска). Имаме и таму камери. Не е точен фактот дека камерите се поставени да се делува на било кого било како. Точно е дека 80 отсто локациите се одбрани од некој претходен менаџерски систем. Точно дека системот не е совршен пред нас имаме и те како работа. Но факт е дека наместо 11 имаме 4 жртви“ рече Тошковски.

На вториот ден безбедносниот систем регистрираше вкупно 651 прекршоци. Од нив, 50 се за минување на црвено, за поголема брзина имало 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. А изречени биле дури 58 забрани за управување на моторно возило.