Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје, каде се одвиваше обуката. Овие лица утре ќе потпишат договор за работно ангажирање во рамки на владината мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување).

Како што информира денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, вкупно 499 кандидати се пријавиле на јавниот повик на Владата, а од нив на обука се појавиле 364 кандидати.

– По завршената дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување како и територијалните противпожарни единици на градот каде што се одвиваше обуката, понатаму ќе продолжат 352 лица кои во текот на утрешниот ден ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување, каде како партнер се јавуваат и Дирекцијата за заштита и спасување и соодветната општина, која е дел од оваа владина мерка. Благодарност до Црвениот крст кој активно се вклучи во обуката на кандидатите во сите градови, изјави Ангелов.