Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

35 години независност на Македонија – објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. На 8 септември обележуваме 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во 11 градови, првата изведба на музичко-сценскиот спектакл ќе ја има вечерва во 19:30 часот во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. 

Низ приказната за македонските успеси низ годините не води познатиот актер, водител и изведувач Игор Џамбазов, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски во придружба на Македонската Филхармонија ја изведуваат познатата песна „Љуби ме и главата горе“ на Зафир Хаџиманов, а во него учествуваат и други актери од постарата и помладата генерација. Содржани се и инсерти од најзначајните моменти од прогласување на независноста, воведувањето на денарот и.т.н…

Џамбазов ја започнува приказната: „Луѓе какви 35 години!“. 

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

По повод 35-годишнината од независноста е подготвен специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ којшто ќе биде изведен во 11 градови и најавени се и други концерти и манифестации, а првата изведба на музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи вечерва во 19:30 часот во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. 

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. 

На 11 август спектаклот ќе биде изведен во Битола пред платото на Офицерскиот дом, а на 12 август во паркот пред Општина Велес.

Во пресрет на 8 септември, во наредниот период караванот ќе посети 11 градови низ државата, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

На 15 август во Градскиот парк во Струмица со почеток во 20:00 часот концерт ќе одржат трите легендарни македонски бендови Меморија, Мизар и Синтезис. 

Легендите на електронската музика Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд ќе настапат заедно на 16 август исто така во Градскиот парк во Струмица, во рамки на одбележувањето 35 години независност на Македонија. 

За 1 септември е најавен настапот на славниот шпански тенор Хосе Карерас на Плоштадот Македонија заедно со македонски ѕвезди меѓу кои ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор Дурловски и Ана Дурловски. Целиот концерт ќе го придружуван од Оркестарот на Филхармонијата.

Кулминација ќе биде последниот перформанс на 4 септември на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, на кој ќе настапат повеќе од 120 уметници.  Музичкиот дел од одбележувањето завршува на 8 септември со настапот на Дејвид Гета на скопскиот стадион „Тоше Проески“.

Манифестацијата „35 години независност на Македонија“ започна на 2 Август – Илинден во Битола.