Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Од еден во друг скандал за софтверски лиценци. Екс ген-секот на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од еден во друг скандал за софтверски лиценци. Екс ген-секот на Владата Драги Рашковски кој од вчера е во истражниот затвор Шутка, на само еден месец пред да се повлече од функцијата потпишал три годишен договор за набавка на софтверски лиценци во владата тежок над 16 милиони евра, објавува Фокус.

Како што пишува неделникот, Рашковски пред да се повлече од функцијата и пред да се избере новата влада лани во август, склучил договор тежок милијарда денари со конзорциумот „Аитоникс„ и „Крејон„ кои ја победиле конкуренцијата со понуда пониска за само 200 евра.

Иако набавката на софтверските лиценци била предвидена уште во февруари, првиот тендер пропаднал по жалба на еден од учесниците. „Фокус„ тврди дека само ден по поништувањето, генералниот секретаријат на Рашковски објавил нов оглас, но со нови барања за потребната тендерска документација.

Реклама

Новиот тригодишен договор за набавка на Мајкрософт и еквивалентните софтверски лиценци и сервиси Рашковски го потпишал со фирмата „Аитоникс„ која тендерот го добила во конзорциум со компанијата „Крејон Македонија„.

Овие две фирми победиле во конкуренција со другите компании откако на електронската аукција понудиле цена пониска за само 12.000 денари во однос на второпласираниот. Иако, „Аитоникс„ соработувала со повеќе институции, сепак сите останати договори ниту приближно не ја достигнуваат вредноста на овој.

Инаку кривичниот совет ја уважи жалбата на Обвинителството и мерката куќен притвор за Рашковски за случајот со набавката на сообраќајниот софтвер за МВР, ја замени со ефективен. Како што пишуваат дел од медиумите, причината за ваквата одлука е смс пораката која Рашковски му ја пратил на четвртоосомничениот во истрагата, во која пишува – Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат., мислејќи на обвинителите. Но тој не успеал да го форматира телефонот, пред да му биде одземен.

Но не само скандалите со софтверските набавки , Рашковски е под лупа и на Антикорупциска за нецелосно пријавената имотна состојба. Алфа веќе објави дека неговиот џип е запишан на име на еден од владините хонорарци, а целиот свој имот го запишал на своите малолетни деца.

Ивана Соколовиќ Најдова