Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Прилози

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Нови улици, училишта, градинки, водоводи, канализации и спортски објекти. Со забрзано темпо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови улици, училишта, градинки, водоводи, канализации и спортски објекти. Со забрзано темпо градоначалниците ги реализираат проектите што добија финансиска поддршка од Владата преку поволниот унгарски кредит.

Одобрени се над 1.100 проекти со вкупна вредност од 300 милиони евра, од нив целосно се завршени 446.

И покрај недостигот од градежна оператива и одредени проблеми со изведувачите, од повеќето општини велат дека проектите се реализираат според предвидената динамика.

Реклама

„Во двата јавни повици вкупно добивме 12 милиони евра, што е значителна финансиска поддршка за една локална самоуправа. Аплициравме со вкупно 20 проекти на двата повика и сите ни се одобрени“, изјави Бобан Стефановски, градоначалникот на Гази Баба.

Градоначаниците велат дека со овие проекти директно се подобрува животот на граѓаните.

Верувајте сите овие проекти се од големо суштинско значење за граѓаните на Кисела Вода и драго ми е што не застануваме тука, продолжуваме со забрзано темпо“, изјави Бети Стаменковска – градоначалничка на Кисела Вода.

И помалите рурални општини се во градежна офанзива, инвестираат во патишта, водоводи, канализации.

Вкупно за овие четири прокети, вкупниот износ на средствата е 22 милиони 768 илјади 106 денари. Проектите се реализирани и граѓаните можат да ги почувствуваат бенефициите од реализацијата на овие проекти“, изјави Ванчо Митев – градоначалник на Зрновци.

Највреден проекто од првиот повик има Општина Куманово, 3.4 милиони евра за изградбана водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, сообраќајници и осветлување во индустриската зона.

Во вториот повик најскап проект вреден 4 милиони евра е доградбата на основното училишта „Блаже Конески“.

Во двата повика најмногу пари доби Битола, а најголем број одобрени проекти имаат Битола, Гостивар и Шуто Оризари.

Со ребалансот на Буџетот Владата обезбеди дополнителни 16 милиони евра за продолжување на финансирањето на инфраструктурните проекти.

Од Министерството за финансии велат дека распределбата е направена според однапред утврдени и мерливи критериуми, пред сè според бројот на жители, со цел сите општини да имаат рамноправен пристап до средствата за капитални инвестиции.