Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Прилози

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Повисоки плати и подобар станард, испорачуваме реални резултати, вели премиерот. Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати и подобар станард, испорачуваме реални резултати, вели премиерот. Христијан Мицкоски со бројки и статистика одговори на опозициските критики дека оваа Влада наводно не се грижела за граѓаните. Вели дека во времето на СДСМ и ДУИ огромната инфлација го јадела растот на платите кои одредени години дури бил и во реален минус, а сега, во изминативе две години тие пораснале за 12.6 односно за 9.6 проценти.

„Ако се спореди тоа што го испорачуваа претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, каде што реалната нето-плата беше негативна, односно минус 2, и во 2024 и во 2025, а и во 2026 година, јас очекувам дека реалната нето-плата ќе биде во позитива. Во 2024 беше преку 12 проценти, во 2025 беше околу 6%. Тоа се три четири пати подобри резултати споредени со минатото“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија.

Според последните податоци на Државната статистика просечната плата во април била речиси 49 илјади денари и за една година проаснача за 7.3%. Најголем раст имале финансискиот сектор, комуналните услуги и трговијата.

Реклама

Резултатите ќе беа и подобри да не беше огромната буџетска дупла наследена од претходната власт, вели премиерот. Тој објаснува дека досега биле сервисирани околу 4 и пол милијарди евра наследени долгови, а до крајот на годинава ќе треба да се врати уште речиси милијарда.

„Во овие две години Влада, успеавме да сервисираме и да обезбедиме ликвидност за обврските што ги остави претходната влада од 4,6 милијарди евра. Тоа се навистина предизвикувачки бројки. Но, со домаќинска работа успеавме сето тоа да го сервисираме и така очекувам да продолжиме и во периодот што следува. Такви ќе бидат и 2027 и 2028 година. Секоја година имаме по една еврообврзница за враќање, камати што се трипати поголеми од оние пред 10 години. Можеби малку ќе имаме простор 2029 гподина, но во суштина правиме план кој ќе ја заокружи ликвидноста до 2030 година“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија.

Според Мицкоски навременото подмирање на долговите ќе испрати позитивен сигнал до финансиските пазари, инвеститорите и меѓународните финансиски институции дека можат да ја гледаат Македонија како сигурен и кредибилен партнер.