Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

24 години од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак

Министерството за одбрана и Армијата на Македонија денеска ја одбележуваат 24-годишнината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за одбрана и Армијата на Македонија денеска ја одбележуваат 24-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак. Официјалното одбележување започна вчера, со положување цвеќе пред спомен-обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“.

На 8 август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово, кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабраноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Централното одбележување на настанот е пред спомен-комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Реклама

„Нивната борба не беше само во името на денешниот ден, туку за иднината на сите нас. За слободата која ја живееме, за Македонија каква што ја сакаме и каква што ќе продолжи да биде, благодарение на нивната жртва. Да не се заборави, не само на деновите кога се бореле, туку и на вредностите што ги оставија зад себе: храброст и одлучност да се зачува Македонија. Нивната храброст и саможртва нема да бидат заборавени, ќе живеат во нашите срца засекогаш. Нека им е вечна слава“, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски.