Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

21 позитивен случај на Ковид-19 од вкупно 800 бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос

Вкупно 800 бегалци и миграни досега се сместени во новиот, привремен камп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 800 бегалци и миграни досега се сместени во новиот, привремен камп на грчкиот остров Лезбос, а 21 од нив, според грчката новинска агенција АНА-МПА се позитивни на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од саботата започна процесот на сместување на бегалците и мигрантите кои по двата пожари во Мориа останаа без кров на глава.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека ако продолжат со истиот ритам, во следните три четири дена ќе заврши целиот процес, а не е планирано сместување на сите 12-13 илјади бегалци и мигранти, бидејќи дел од нив веќе се сместени на друго место.

Реклама

Објасни дека пред да се сместат во новиот приверемен камп, при влезот, сите бегалци и мигранти со помош на брз тест се тестираат за Ковид-19, а на оние со позитивен резултат, им се прави и молекуларен ПЦР тест. (МИА)