Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај

Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Така, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без возачка дозвола евидентирани се 2114 прекршоци.

Покрај ова во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти. Исто така регистрирани се 775 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, 1203 прекршоци за неносење сигурносен појас, 744 санкционирани возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига.

Реклама

По основ на ЗБСП биле изречени и санкции за 567 возачи кои што учествувале во сообраќај со недозволено количество алкохол во крвта, и уште 113 возачи коишто се казнети за минување на црвено светло.

По основ пак на Законот за возила минатиот месец биле изречени 153 мерки за технички неисправни возила и уште 500 прекршоци за возила кои што учествувале во сообраќај без валидна регистрација.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.