Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

20 години власт на ДУИ – 20 години сомнежи за криминал и корупција без никаква разрешница

Онаму каде ќе стапне ДУИ, трева не расте. Скандалите во Македонска навигација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онаму каде ќе стапне ДУИ, трева не расте. Скандалите во Македонска навигација се само последни во низата на јавни претпријатија кои имале среќа, односно несреќа да бидат раководени од кадри на оваа партија. Коалициониот партнер СДСМ дозволи интегративците да менаџираат со голем дел од претпријатија во државна сопственост, како што се М-НАВ, Лотарија, Македонски пошти, Државни патишта и ред други. Сите ги следеа бројни скандали, економска пропаст и други неприлики.

Најсоодветен пример е токму оној кој им помогна на насилниците да влезат во Македноска навигација, Беким Незири, кој пак постојано е дел од високото ракововодство на ДУИ. Тој беше и остана единствен функцинер на интегративците кој беше обвинет од министер на СДСМ, дека е поврзан со криминал вреден 19 милиони евра. Мила Царовска своевремено објави дека Неизири со години не ги уплаќал придонесите на илјадници осигуреници во вториот пензиски столб.

  • На овие 12 илјади наши сограѓани, воопшто придонесите не биле префрлани кон вториот столб, иако од работодавачот придонесот бил уплаќан. Финансиските средства останувале во пензискиот систем, но во првиот столб, изјави Царовска додека министерка.

По ова, Царовска си замина од функцијата, а Хамиди продолжи добива високо платени државни позиции.

Реклама

Помеѓу последните, се најде акционерското друштво Државна лотарија, со кое раководи Перпарим Бајрами, кој на само 28 години, од кабинетот на Артан Груби, стана директор на едно од ретките државни претпријатија кое не е загубар. Стана познат во јавноста кога преку Лотарија најми компанија која до тој момент постоеше само неколку месеци, од која за 2,6 милиони евра ќе изнајми ресторан за свадби и со сопствени средства ќе го реновира. Скандал за што од јавноста беше критикуван дека станува збор школски пример на криминал.

Помеѓу претпријатијата под раководство на ДУИ е и ЈП Државни патишта, кои пак се директно одговорони за изведба на контроверзните коридори 8 и 10д. Проект кој граѓаните ќе ги чини десетици милијарди евра, кои пак ќе легнат на сметките на конзурпциумот Бехтел и Енка, компании кои се обвиени во коруптивни скандали низ скоро половина континент. Друг пример е и тендерот тежок, 2,3 милиони евра за косење трева и грмушки по автопатите во наредните две години, кој претпријатието го додели на компанија од Кичевско.

И Македонски Пошти беа под капата на Интегративците. Поранешниот директор, со искуство во милитантни операции како командант на ОНА, Рафиз Алити, седеше во директорското столче на Пошти, кога изгоре централната пошта во Општина Центар.

Тој, спротивно на вештачењето, го бранеше својот роднина Арменд Фазлиу и тврдеше дека огнот не бил предизвикан од фрлена цигара во корпа за отпадоци. Алити од јавноста беше обвинуван и оти ги преполнил пошти со вработени кои не одат на работа, иако дотогаш вработените едвај кога земаа плата, додека тој трошеше на службени возила, а пратките редовно доцнеа или им се губеше трагот.

По овие и други низа на скандали и сомненија за висока корупција кои ги следат токму кадрите на ДУИ, само прашање на време е кога јавноста повторно ќе е сведок на нови афери со кои се поврзува партијата на Али Ахмети.

Никола Цветкоски