Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Почнува вработувањето на специјализантите и „договорците“ на дело во здравството

Нови 1180 медицински сестри и друг медициснки персонал, како и 600 специјализанти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 1180 медицински сестри и друг медициснки персонал, како и 600 специјализанти ќе бидат вработени во текот на годината, потврди министерот за здравство. Како што информираше Таравари предвидено е вработување на 300 лекари до средина на годинава, а дополнително уште 300 до крајот на 2025-та, а ја остави отворена и можноста за ангажирање на средномедицински периоснал со договор на дело кои ќе бидат распоредени таму каде што е најпотребно.

,,Вработувања ќе има континуирано, меѓутоа што е сега сигурно се 1180 средномедицински перионал, 300 лекари специјализанти на почетокот на годината, уште 300 до крајот на годината. До сега сигурно ќе има 1800 вработувања во здравство, а во меѓувреме ќе се ангажира и средномедицински персонал со договори на дело,, изјави Таравари

Дваесетте јавни здравстени установи кои веќе имаат изготвено нови систематизации, може веднаш да ги вработуваат планираните 300 приватни специјализанти од првата група, меѓу кои најзастапени се гинеколози и кардиолози.

Реклама

,,Завршени се сите процедури од министерствата за финансии и здравство, меѓутоа потребна е сисематизација на јавните установи, еве на пример на центарот за јавно здравје им се потребни 7 до 10 лекари кои не биле предвидени минатата година и потребна е систематизација која дваесет установи веќе ја имаат и може да ги вработат лекарите,, изјави Тарвари.

Министерот за здравство  денеска го пушти во употреба реновираниот педијатриски пункт во рамки на поликлиниката Бит Пазар кој ќе прима пациенти во текот на целата недела од 19:30 до 07:00 часот наутро, додека во недела ќе работи 24 часа, а ќе бидат третирани пациенти со лесна и средна клиничка слика.