Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Расправа во Советот на Град Скопје по предлог буџетот за 2025 година

Жестока Расправа во Советот на Град Скопје околу буџетот за 2025 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жестока Расправа во Советот на Град Скопје околу буџетот за 2025 година меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска. Советниците од владеачкат партија обвинија дека новиот буџет е нереален и неостварлив затоа што градоначалничката предвидела во 2025 година да троши пари кои ги нема, односно да троши однапред од буџетите од 2026 и 2027 година, кога веќе и е истечен мандатот на Арсовска.

“Согласно предложениот буџет за 2025 година основниот буџет изнесува 4.635.000.000 денари што се нереални очекувања да бидат исполнети во 2025 година. Но најголемиот проблем е што во овој буџет се зафаќаат финансиски средства во буџетите за 2026 и 2027 година повисоки од можноста за креирање на буџет по заминување на Арсовска” изјави Даниела Костадинова од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

За градочалничката Арсовска обвинувањата се нереални, манипулативни и тенденциозни, ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ за основни непознавања и цврство уверуваше дека буџетот е развоен и инвестициски со кои ќе се подобри животот на граѓаните.

“Ако знаете еден збор од ова што го кажавте што значи јас не знам друго што да кажам. Прво ова што го кажавте за буџетот не е точно, имате среќа што го кажувате од оваа говорница кај што сте амнестирани какви и да се глупости и небулози за политички цели, некој што поим нема од финансии и буџет и јас ќе оставам снимкава да суди” изјави Данела Арсовска.

Инаку, новиот предлог буџетот за 2025 година треба да изнесува речиси 9 милијарди денари или околу 142.000.000 евра. Ставањето на буџетот на дневен ред пред советниците на Град Скопје е со големо доцнење. Советниците во советот ја обвинија Арсовска за ненавремено поднесување на буџетот што според член 27, ставовите 4 и 5 теребаше да биде ставен на дневен ред најдоцна до 10 декември.

Даниел Ѓорѓевски