Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Одливот на кадар на Онкологија Меџити ќе го решава „во од“

Министерот за здравство “во од” ќе го решавал големиот притисок со растечкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство “во од” ќе го решавал големиот притисок со растечкиот број на пацинети, и доктори кои си заминуваат од Онкологија. Спасот според Меџити бил оспособување или отворање на онколошки амбуланти во повеќе различни градови, за сите болни да не доаѓале во Скопје. Прашањето е зошто ваква клучна стратегија до сега не се спшроведе, и покрај толку многу сменети министри за здравство, а сега Меџити најавува решенија „во од“?

Тоа што секојдневно има одлив на медицински кадар, ресорниот министер изгледа не го загрижува многу, затоа што во Македонија имало три медицински факултети и доктори ќе имало во секое време.

„Преголем е товарот на Клиниката за онкологија, затоа од првиот ден како кабинет, се зафативме за работа и работевме макотрпно. Почнавме да дисперзираме. Со директорот на болницата ‘8 септември’ веќе разговаравме за да започнеме со таа конзервативна терапија, а тоа е малку сензитивна работа, не можеме брзо да започнеме. Размислуваме да отвориме во Штип и Битола (н.з.), за радиотерапијата да ја ставиме во функција“, изјави министерот Меџити.

Реклама

Меџити упати нов повик до Обвинителството за побрза разрешница на скандалот на Онкологија.

„За тоа што се случи, скандалот со ‘Онкологија’, денеска пак ќе искористам прилика да го повикам Обвинителството јасно и гласно да изнесат име и презиме, за ако некој се огрешил пред законите на државата, да одговара и да ги сноси последиците“, кажа Меџити.

Маките на болните со рак немаат крај. Тие се соочуваат и со недостиг на соодветна терапија, која пак може од свој џеб да ја купат во некоја соседна земја. Според нивни информации од клиниката, опасност има и од недостиг на постоечите лекови по новогодишните празници. Тоа пред неколку дена го потврди за Алфа и директорката на Онкологија.

Ања Лукарова