Реклама
Македонија

152 години од раѓањето на Гоце: треба да размислуваме дали Делчев не смета за родољупци

Дали Делчев нѐ смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети……

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Делчев нѐ смета за родољубци подготвени да ги бранат неговите аманети… Споменот за Гоце останува и љубовта кон него не се намалува. Не треба да размислуваме само колку се гордееме со Гоце, туку и колку тој се гордее со нас, порача поглаварот охридски и македонски г.г. Стефан на чествувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делечев.

  • „На Гоце и на многубројните комити и борци, борејќи се храбро, се дадоа себеси за слободата на Македонија. А што пак даваме ние? Гоце и неговите соборци се заведуваат во Евагелието се заведуваат „Слобода или смрт за татковината“ и на дело ги потврдуваат своите зборови. Колку од нас денес се потготвени да го речат и особено да го исполнат тоа?“ рече г.г. Стефан – поглавар на МПЦ-ОА.

Крајно време е да сватиме дека Македонија не е само парче земја, ниту само георграфија, туку библиска земја со свое име порача поглаварот охридски и македонски.  

  • „Да придонесуваме за да ни биде вечен споменот и на Гоце, и на сите кои што себе си се дале за нашата слобода. Ние пак достојно да живееме според нивните идеали, и нашите идни поколенија да ги учиме на љубов кон верата, љубов кон татковината, за да продолжат да опстојуваат и македонската држава, и македонската црква и македонскиот јазик и македонската култура и историја, но и се што е македонско “ порача, г.г. Стефан – поглавар на МПЦ-ОА.

Тензиите од бугарска страна изостанаа, но не и силното полициско обезбедување и силните контроли од двете страни на улицата кои водат до црквата Св. Спас. Посебни контроли поминаа и новинарските екипи, а граѓаните кои сакаа да одадат почит на македонскиот великан останаа пред полицискиот кордон се додека не заминаа функционерите.

Реклама

Државниот врв речиси и да го немаше во црквата Св. Спас. Цвеќе на гробот на Делчев положи само претседателот Пендаровски, а спикерот Јован Митрески го испрати својот заменик. Не се појави ниту техничкиот премиер Талат Џафери, па во име на Владата дојдоа Маричиќ и Костадиновска Стојчевска. Почит на македонскиот великан му одадоа и министрите од ВМРО- ДПМНЕ, Тошковски и Велковски, заедно со потпретседателот Мисајловски и пратеници од партијата. На гробот на Делчев дојдоа и претседателот на СДСМ Ковачевски, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на повеќе политички партии и граѓански здруженија.