Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Економија

150 нови работни места: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста холдинг во рамки на ТИРЗ Штип, денеска во Нинове, Белгија, оствари средба со менаџментот на компанијата. На средбата се разгледаа досегашните резултати на компанијата, тековните активности, како и понатамошните чекори за успешна реализација на инвестицискиот проект, а беше направена и обиколка на производствениот погон.

Димовски посочи дека ова е реален пример, доказ за активната работа и унапредениот пристап на новата влада кога станува збор за создавање висока додадена вредност. Тој истакна дека овој проект е од стратешко значење за целата национална економија, а особено за регионот на Штип.

Ношин Омар, сопственик и претседател на Авеста холдинг, изрази особена благодарност за поддршката од целата влада, нагласувајќи дека токму транспарентноста, отвореноста и професионалноста на ТИРЗ биле клучни фактори за одлуката да се реализира втора инвестиција токму во Македонија. Од негова страна беше појаснето дека во новата фабрика во ТИРЗ Штип ќе се произведуваат напредни батериски системи од најнова генерација за електрична мобилност и стационарни апликации.

Реклама

Изградбата на новиот производствен капацитет, според деловниот план, се планира да започне на крајот на 2025 година, а со неговата реализација ќе се отворат до 150 нови, високоплатени работни места во ТИРЗ Штип. Ова претставува втора по ред инвестиција на белгиската компанија во земјава, што е директен резултат на стабилната бизнис клима, проактивниот пристап на институциите и новите владини политики насочени кон поддршка на инвеститорите. Со ова, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како атрактивна и предвидлива дестинација на мапата за странски директни инвестиции.