Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

100 дена подоцна – видливи промени и нова динамика во Скопје

Видливи се промените во работењето на град Скопје, во првите 100 дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видливи се промените во работењето на град Скопје, во првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Граѓаните се задоволни, затоа што забележуваат почиста околина, нови инфраструктурни проекти, а како што велат тие, разликата е очигледна ако се спореди со претходната градоначалничка. Од таткото на градот очекуваат да го оствари ветеното. Но сепак се осврнаа на проблемите со јавното сообраќајно претпријатие, и чистотата на воздухот како најголеми проблеми за кои очекуваат да се најде решение во наредниве четири години.

„Голема разлика има, нема споредба, ѓубрето е подобро, го исчисти градот, ќе прави улици, добар е. Еве сега почна и кај банкана да поправа. Тој ветуваше многу и очекуваме многу“- велат граѓаните.

Воведена финансиска дисциплина, редовна исплата на плати во јавните претпријатија, остранети над 600 вработени кои не се појавувале на своите работни места но сепак земале плата. Ова беа дел од главните достигнувања на Ѓорѓиевски во првите 100 дена од неговиот мандат. Тој во неговиот отчет се осврна на наследените проблеми и нивното решавање, реализирање на проекти како и тековните активности кои се превземаат за модернизација на градот.

Реклама

„Сложениот проект за изградба на булеварот „Македонија“ со години беше во застој, а сега вече има јасна динамика со визија за современ урбан развој. Ќе продолжиме со изградба на кружни текови кон центарот и кон кисела вода и ќе ја ставиме во функција првата подземна сообраќајница во Скопје. “- вели градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Состојбата на метрополата беше во целосен хаос за време на мандатот на градоначалничка Данела Арсовска. Институции без ред и дисциплина, град претворен во депонија, нефункционален градски превоз и долгови до гуша. А Ѓорѓиевски и покрај предизвиците ја превзеде одговорноста и им вети на граѓаните дека градот конечно ќе почне да функционира.

Во текот на неговиот мандат најави инфраструктурни проекти, подземна сообраќајница, монтажни гаражи на клиничкиот центар, решавање на проблемот со уличните кучиња, изградба на зелени површини и нов луна парк, соодветен третман на депониите како и реализација на бројни други проекти.