Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

10 пациенти од домашните болници ќе бидат пуштени дома

Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти од трагедијата во Кочани кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти од трагедијата во Кочани кои се сместени во домашните болници.10 повредени се пуштаат на домашно лекување. На сите кои ќе бидат испишани од клиниките им се направени комплетни токсиколошки анализи и се во стабилна состојба. Од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство еден, кој е на лекување во Истанбул  е со сериозна и критична слика. Дел од повредените кои биле на механичка вентилација се веќе екстубирани и дишат самостојно, а има пациенти кои веќе се на нозе и за една недела ќе бидат пуштени дома. Министерот Таравари вели дека следниот предизвик за повредените се превенција од инфекции.

Сите 47 пациенти за кои се грижат македонските лекари се во стабилна состојба потврдува трауматологот Игор Мерџановски. Тој вели дека со натчовечки напори се борат за секој човечки живот.

20 пациенти после пожарот во Кочани побарале помош на Клиниката за токсикологија поради вдишување на отровни материи.Од нив 13 поради влошување на состојбата и потреба од механичка вентилација, биле префрлени на хирушките клиники.

Реклама

Некои од тие пациенти завршија и во центрите надвор од државата. Сите се во добра општа состојба, стабилни се. Кај нас во моментов хоспитализирани се 7 пациенти кои главно имаат вдишано голема количина отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат механички повреди туку се со инхалаторни повреди, односно повреди заради вдишување на отровни гасови” – рече д-р Чибишев.

Здравствените власти велат дека повеќе не се праќаат пациенти надвор од земјава. И дел од приватните болници информираат дека остануваат отворени за за прием на повредените пациенти. „Аџибадем Систина“ се става на располагање за бесплатен третман на сите пациенти од кочанската трагедија.

Во однос на трошоците за лекувањето во странство, Таравари јасно рече дека е бесплатно. Тој потсети дека Министерството обезбедило и патување за двајца родители или членови од семејството на секој пациент, како и нивно сместување во странство, нагласувајќи дека нема потреба од шпекулации дека некои семејства треба да платат за третманот.