Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

📷 Министерот за одбрана Мисајловски празнично ги награди хероите на Армијата по повод Илинден

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, место кое ги чува спомените на оние кои со неуморна борба и страст ја изградиле основата на современата Македонија.

Фотографиите можете да ги погледнете на официјалниот фејсбук профил на министерот Мисајловски, на следниот линк:

Илинден е денот кога не само што го славиме историскиот успех на нашите предци, туку и се потсетуваме на нивната храброст, визија и борба за слободата на Македонија, потенцира во објавата.

Реклама

-По повод денешниот празник „2-ри Август Илинден“, потпишав решенија за парични награди и стимулативни мерки за припадниците во Армијата и вработените во Министерството за одбрана кои дадоа свој посебен придонес во изминатиов период, особено на припадниците на Армијата кои секогаш одговорно и професионално беа и сe во поддршката на граѓаните и институциите, со цел заштита на здравјето, животот и добрата на луѓето и безбедноста на државата при секоја природна катастрофа, кризна и вонредна состојба. Нивната пожртвуваност и храброст заслужуваат длабока почит и признание и се искрено вреднувани од сите нас, истакна Мисајловски.

Им изразувам искрена благодарност! За многу години празникот! Да ни е вечна и вековита Македонија!, додаде министерот Мисајловски.