Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Николоски: Целта на СДСM, Заев, Шеќеринска и тајните служби беше да се осуди ВМРО-ДПМНЕ како теористичка и да се забрани да учествува на избори

Мастер план во три чекори е креириран од поранешното раководство на СДС…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мастер план во три чекори е креириран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги презентирав во 2019 година во еден ТВ дуел со Радмила Шеќеринска, каде јавно кажав дека имаме сериозни индиции за злоупотреба на безбедносните служби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”.

,,Целта на тој мастер план беше да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Имаше три чекори. Првиот беше да се притворат што повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се случи промена на името, и тоа се случи. Вториот беше партијата да се стави на обвинителна клупа за терористичко дејствување и нелегално финансирање и делумно успеаја во тој дел за нелегално финансирање. Ја ставија на обвинителна клупа и се уште партијата е на обвинителна клупа, се уште имаме замрзнат имот. Третиот дел беше доколку успеат да ја осудат ВМРО-ДПМНЕ, согласно закон, да се забрани политичко дејствување и воопшто да не може да учествуваме на избори. Овој мастер план, одеше дотаму да се забрани и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се бави со политичко дејствување. И ова беше смислено од тогашното раководство на СДС на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а не може да се амнестира ниту Димитар Ковачевски”, вели Николоски.

Агенцијата за безбедност до толку била злоупотребувана што секојдневно правеле лажни извештаи за раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сме биле анти-западни и анти–НАТО, додаде Николоски.  

Реклама

,,Од тој план беше злоупотребена Агенцијата, во контекст ние да бидеме оцрнети пред стратешките партнери, пред се после членството во НАТО. Целта беше никој од нас да не може да добие безбедносен сертификат. Не им успеа во тоа, но се штанцале на дневна основа извештаи дека сме биле под вакво влијание или под такво влијание. Еве прв пат ќе кажам за мене дека сум бил под иранско-турско-унгарско влијание. На врвот на тие лажни извештаи, според мои сознанија, биле на удар и претседателот Мицкоски, Драган Ковачки, Антонио Милошоски, Владо Мисајлоски. За мене составувале белешки дека сум бил анти-западен и анти-НАТО во услови кога бев потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во услови кога бев шеф на мониторинг мисија што ги создаваше Советот на Европа и во услови кога Пријатели на Европа ме избраа во 2022 година во 40 највијателни личности под 40 години во Европа. Оваa битка е праведна бидејќи оваа биткa е на демократско ВМРО-ДПМНЕ и антидемократските структури кои не сакаат демократија во Македонија. Тоа  нема да го дозволиме“, дециден е Николоски. 

,,Ако во 2025 година некој очекува дека ова ќе се заборави, тоа е многу наивно. Два пати ВМРО-ДПМНЕ паѓале од власт од службите и 2002 како последица на Големото уво и 2016-2017 преку прислушуваните разговори. Ако истите тие луѓе мислат дека сме наивни и ќе ја оставиме работата по трет пат да не симнат од власт на недемократски начин, тогаш сериозно не потцениле. Еднаш за секогаш ќе расчистиме за да не ни се случи пак”, потенцираше Николоски. 

Тој најави бескорпулозна борба за правда, против сите структури кои ги злоупотребувале тајните служни. Ги повика Обвинителството и судовите да не ги штитат структурите од претходната власт и да ја изведат правдата пред целата јавност.