Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштитен појас под УНЕСКО е една од главните пречки за реализација на автопатското решение на дел од Коридорот 8 кон Албанија, изјави денеска министерот за култура и туризам  Зоран Љутков, при посетата по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата скопска чаршија. Љутков најави дека во мај се очекува посета на делегација на УНЕСКО за увид во состојбите на терен.

– Таму еден заштитен појас којшто е под УНЕСКО и тој коридор го опфаќа и спојувањето со спојувањето со Република Албанија. Разговараме за да најдеме заедничко решение. Тој е правен според НАТО стандарди и ја поврзува земјава со НАТО. Верувам дека во мај месец ќе дојдат од комисијата од УНЕСКО и од делегацијата за да можеме одблиску да им ги покажеме сите проблеми со кои се соочуваме инфраструктурно, но и сите проблеми кои се соочуваат во Охрид и Струга – изјави Љутков.

Во однос на делницата од Требениште до Ќафасан, Љутков посочи дека не може да се реализира автопатското решение, поради, како што рече, заштитениот статус. – Тоа е заштитен појас, штом е заштитен појас ние не можеме да продолжиме со автопатското решение – рече Љутков.

Реклама

Говорејќи за реконструкцијата во Старата скопска чаршија, министерот истакна дека инфраструктурните инвестиции се клучни за враќање на занаетчиството.

– Многу е важно да се задржи примарната дејност на Старата скопска чаршија, како главните работи како што е занаетчиството. Во последните години знам дека изумира занаетчиштвото, но со вакви инфраструктрни проекти со кои ќе се подобри целата водоводна мрежа инфраструктурна инсталација ќе се донесе дигитализација во целиот овој процес. Кога имате вие добра инфраструктура се разбира дека назад ќе се вратат занаетчиите. Но, и со програмите кои што ги имаме во Министерството за култура и туризам се надевам дека во 2026 година дека ќе отвориме и конкурс за поддршка на занаетчиштвото и поддршка во делот на занаетчиштвото и се надевам дека се почесто ќе се враќаат назад и Старата скопска чаршија ќе си го носи својот примат повторно – рече Љутков.

Во врска со колективниот договор за култура, информираше дека постапката е во фаза на преиспитување и дека ќе следат разговори со синдикатите.

– Прво, не е укинат колективниот договор за култура туку Уставниот суд донесе одлука за преиспитување. Уште денеска испративме порака до синдикатите и веќе утре работната група која што веќе постои од претходно ќе ја реактивираме и утре ќе имаме заеднички состанок. Не би давал одвоени мислења се додека не се сретнеме со синдиактите и да донесеме речение како ќе одиме понатаму. Средбата е планирана за утре попладне – изјави Љутков.

На новинарско прашање за евроинтеграциите, вицепремиерот Беким Сали посочи дека институциите интензивно работат на реформската агенда.

– Работиме интензивно во делот на реформската агенда која што е во склоп на развојот на регионот. Во делот на евроинтеграциите, знаете, интензивни се состаноците и во координација сме со европската делегација во Скопје и со канцеларијата на Европската комисија во Брисел. Очекуваме извештајот којшто е од Европската комисија деновиве да пристигне за делот на Реформската агенда. За тие 16 чекори кои што ги пчекуваме како позитивен одговор и работиме во координација со сите институции вклучени во исполнување на чекорите. Работиме за исполнување на овие чекори во јуни, а извештајот го добиваме во септември – изјави Сали.

Општина Чаир денеска ја почна реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци во Старата чаршија, проект вреден 28,7 милиони денари. Интервенцијата опфаќа површина од 1.567 квадратни метри и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, како и модернизација на подземната инфраструктура, вклучително водовод, канализација, електрична и оптичка мрежа, уредување на пешачки површини, ново осветлување и урбана опрема.