Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Љутков од Анкара: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Македонија и Турција

Потврдени традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потврдени традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион на билатералната средба на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со турскиот колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на средбата што се одржала вчера била нагласена подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти, вклучително и дигитализација на културното наследство, развој на креативните индустрии, копродукции, како и унапредување на културниот туризам.

Министрите разговарале за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.

Реклама

Соговорниците се договориле во периодот што следува да работат на конкретни заеднички проекти, со цел дополнително зацврстување на пријателството и партнерството меѓу двете земји.

Министерот Љутков, кој престојува во дводневна посета на Турција, упатил отворена покана до својот колега, министерот Ерсој, набргу да ја посети Македонија. На средбата присуствувале и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски.