Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Љутков: Никој нема да биде отпуштен од работа, оптимизирањето на културните установи подразбира фузирање на одредени институции

Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции – изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите.

Има манифестации, рече Љутков, што работат три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата, за нив се предвидени по 25-30 работни места. Битно е, нагласи, тие да не се згаснат, туку да продолжат да функционираат, но во рамките на други институции како одделенија или сектори.

Засега, со реорганизацијата ќе бидат опфатени 10-на установи, а Министерството за култура веќе добило барања за фузирање и реорганизирање од некои националнаи установи кои функционираат повеќе од 30 години. Тие сами, како што рече, тоа го побарале.

Реклама

– Нема да има укинување на институциите во културата, туку нивна современа реорганизација. Оптимизацијата на националните установи значи фузирање на одредени институции што немаат капацитет да продолжат да работат со друга установа, која има потреба од таков вид услуга. Не се отпуштаат носителите на дејности, напротив, ќе се зголемува бројот на вработени, особено фокусот ќе бидат стручните кадри, а не административниот кадар. Никој нема да биде отпуштен од работа. Едноставно, едната институција се фузира со другата и со заеднички сили ќе функционираат многу подобро, а нашиот фокус ќе биде стручниот кадар во културата. Примерот веќе го има и во Националната стратегија и во документот за реорганизација. Неколку, дел од новите што се формирани пред, ми се чини дека во 2023 година, формирани без консултација и стручна анализа и потреба зошто се формираат, се останати на еден вработен, а тие реално се дел од манифестациите. Значи, имате манифестација што работи три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата, некаде 25-30 работни места. Значи, за нас е многу поважно таа институција да не се згасне, туку да влезе под одредена веќе постојна институција како одделение или како сектор. Верувајте, ќе функционира многу подобро отколку вака независно и самостојно – објасни Љутков одговорајќи на новинарско прашање.

Реорганизацијата што се предлага, потенцира министерот, е во консултација и со вработените и со директорите на овие институции и на оние што ќе бидат фузирани, но и на оние што ќе треба да ги примат овие национални установи.

-Анализите покажаа дека одреден број установи, посебно оние формирани без никаква подготовка, анализа и претходна консултцаија со стручната јавност, остануваат да каскаат во место. Затоа побаравме да се направи поголема реорганизација. Овојпат ќе бидат опфатени 10-на установи, но веќе добиваме информации од националнаи установи кои функционираат повеќе од 30 години. Сами бараат да бидат фузионирани и реорганизирани, рече Љутков.

Претходно, во обраќањето на јавната расправа, министерот напомена дека преобликувањето на мрежата на установите не подразбира укинување на институциите, туку нивна современа реорганизација во функција на остварување на мисијата и визијата за која се основани.

-Ниедно вработено лице во установите од културата нема да го загуби работното место, туку сите вработени ќе имаат можност да дадат свој придонес во работењето на матичните установи – порача Љутков.